• Зоран Мишевски

Ватерполистите на Про Рекo го совладаа Ференцварош во финалето на Лигата на шампионите со 9-6 (3-2, 2-3, 2-0, 2-1) и стигнаа до деветтата европска титула во клупската историја. Про Реко сега има два трофеи повеќе во споредба со екипите на Младост од Загреб и Партизан, кои се седумкратни европски шампиони.
Головите за Про Реко во големото финале ги постигнаа: три погодоци Душан Мандиќ, Франческо Ди Фулвио и Пјетро Фиоли по два, Арон Јангер и Оскар Еченике по еден. Србинот Душан Мандиќ ја освои наградата за најкорисен играч (МВП).
За Ференцварош погодија Никола Бикари и Чаба Вигвари по двапати, а Мартон Вамош и Никола Јакчиќ запишаа по еден погодок.
Завршните турнири од Лигата на шампионите и во следните неколку години ќе се играат во Белград, а во следната сезона, угледот на регионот, покрај Југ и Јадранот од Херцег Нови, сигурно ќе го брани и српскиот Нови Београд.