Приведени три лица осомничени за нападот во Сплит, кај едниот од нив е пронајден дресот

Сплит

Полицијата во Сплит денес потврди дека приведе три лица кои се осомничени за вчерашниот напад на ватерполистите на Црвена Звезда.

Се трага по уште двајца, кои заедно со останатите го извршија нападот на спортистите. Тие побарале од нив да ги соблечат обележјата на својот клуб и притоа физички ги нападнале. Еден од нив за да се спаси скокна во морето.

Кај еден од тројцата приведени е пронајден дресот кој што им беше одземен на ватерполистите. 

Србите беа шокирани од нападот и пред полициските службеници открија дека напаѓачите со нив имале ножеви и метални шипки. Исто така им се заблагодарија на случајните минувачи кои помогнале да се избегне поголема трагедија.

Последиците од овој немил настан се ситни повреди, предизвикани од неколкуте удари од страна на хулиганите.