• Зоран Мишевски

По повод 13 Ноември – денот на ослободувањето на Скопје, во главниот град ќе се одржи третиот по ред меѓународен Мастерс турнир во ватерполо во базенот „Борис Трајковски“.
Турнирот е во организација на ВК Вардар Ветерани, a учество ќе земат тринаесер екипи со играчи од дванаесет земји – Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Јапонија, Германија и Бугарија. Домаќинот Вардар ќе настапи со две екипи.
Турнирот веќе прерасна во традиција, а целта е афирмација на ватерполото кај младата популација, како и дружба и нови пријателства помеѓу љубителите на овој спорт од целиот регион и пошироко.
Во петок во 13:00 часот градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, свечено ќе го отвори турнирот, а натпреварите ќе се играат во петок и сабота од 10:00 до 17:00 часот. Базенот ќе биде отворен за посетителите кои ќе сакаат да ги проследат натпреварите, а влезот е бесплатен.

