ВИДЕО: Пречекани хероите на Дубровник и Хрватска

Ватерполистите на Југ од Дубровник се нови прваци на Европа по победата во финалето во Будимпешта против Олимпијакос со 6-4. За ватерполистите од Дубровник оваа титула е нивна втора европска круна по онаа во 2006 година. Исто и како пред 10 години и оваа сезона се шампиони на Хрватска и освојувачи на Купот.

По враќањето во својот Дубровник, на ватерполистите им беше приреден достоен пречек, како прослава на новата титула. Покрај големиот број на фанови на аеродромот, ватерполистите имаа чест да бидат пречекани и од претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.