• Сашо Поповски

Со победите на Австралија, Русија, Грција и Италија вчера официјално се комплетираа сите четвртфинални парови на Светското првенство во ватерполо, кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Србија, Црна Гора, Унгарија и Хрватска изборија директен пласман во најдобрите осум со освојувањето на првото место во четирите групи.
Четвртфинални парови:
- Црна Гора - Грција (25 јули, 14.50 часот)
- Србија - Австралија (25 јули, 16.10 часот)
- Унгарија - Русија (25 јули, 20.30 часот)
- Хрватска - Италија (25 јули, 22.00 часот)
Натпреварите се играат утре, а големото финале и натпреварот за третото место се закажани за 29 јули.