Познати кандидатите за наградата „Total Waterpolo Player 2019"

Ватерполо

Пред неколку дена беа откриени имињата на кандидатите кои ќе бидат во конкуренција за наградата за најдобар ватерполист за 2019 година, која ја доделува порталот "Total Waterpolo".

Кандидати за наградата "Total Waterpolo Player 2019":

Дилип Филиповиќ, Душан Мандиќ, Пјетро Фиљоли, Гонзало Еченике, Марко дел Лунго, Франческо ди Фулвио, Фелипе Пероне, Алберто Мунариз, Алваро Гранадос, Александар Ивовиќ, Марко Стам, Андро Бушље, Маро Јоковиќ, Константинос Генидунис, Данеш Варга, Мартон Вамош, Атшуси Араи, Џо Кајс, Арон Јунгер и Џони Харпер.

Во конечната одлука ќе учествуваат 77 членови на стручното жири, а клучни ќе бидат и гласовите на фановите, кои до 30 ноември ќе го одлучат победникот.