Познати групите за ватерполо квалификациите за Рио

По завршувањето на ЕП во ватерполо, кое се одржуваше во Белград, со ждрепка беа одредени групите и во машка за претстојниот квалификационен турнир за пласман на игрите во Рио.

Мажите завршните квалификации ќе ги одиграат од 3. до 10. април италијанскиот град Трст. 

Група А:

Унгарија, Русија, Канада, Франција Романија и Словенија.

Група Б:  

Италија, Казакстан, Јужна Африка, Шпанија и Холандија.

Женскиот квалификационен турнир ќе се одигра во холандскиот град Гауда од 21. до 28. март. 

Група А:

Шпанија, Грција, САД, Канада, Јапонија и Јужна Африка.

Група Б:

Холандија, Италија, Русија, Нов Зеланд, Франција и Куба.

По четири најдобри репрезентации од двата квалификациони турнири ќе обезбедат место на ОИ во Рио.