Познати групите за Европа Купот во ватерполо, Србија заедно со Хрватска

Европската пливачка асоцијација (ЛЕН), во текот на вчерашниот ден во Рим ги одреди групите за новото ватерполо натпреварување, кое ќе се одржува под името Европа Куп.

Репрезентациите ќе бидат поделени во три групи, а натпреварите ќе се одржат од 15 до 18 февруари наредната година

Група А: Унгарија (организатор), Франција, Шпанија, Романија и Грузија

Група Б: Хрватска (организатор), Србија, Грција, Холандија и Турција

Група Ц: Италија (организатор), Црна Гора, Германија и Русија.

Од А и Б групата пласман на завршниот турнир ќе обезбедат првите три репрезентации, а од Ц групата првопласираните две. Финалниот турнир ќе се одржи од 5 до 8 април наредната година.