• Сашо Поповски
На почетокот на 2020 година ќе се одржи Европското првенство во ватерполо, на кое титулата ќе ја брани Србија.
Во групата А се наоѓаат Германија, Словачка, Црна Гора и Хрватска, во групата Б ќе биде бранителот на трофејот заедно со Романија, Холандија и Русија. Групата Ц ќе ја сочинуваат Малта, Турција, Шпанија и Унгарија, а во групата Д ќе се надигруваат Франција, Италија, Грузија и Грција.
Групната фаза во женскиот дел од турнирот изгледа вака:
Група А - Унгарија, Грција, Русија и победниците од мечевите Португалија - Хрватска, Србија - Чешка и Словачка - Турција
Група Б - Холандија, Шпанија, Италија и победниците од мечевите Израел - Швајцарија, Франција - Украина и Германија - Романија
Турнирот ќе се одржи од 12-26 јануари во Будимпешта, Унгарија.