Поради нападнатите ватерполисти: Српските клубови нема да играат во Сплит

Српските клубови кои учествуваат во Регионалната лига во ватерполо нема повеќе да играат во Сплит, поради нападот на членовите на Црвена Звезда, непосредно пред дуелот со сплитќани.

Тројца членови на Црвена Звезда беа нападнати додека шетаа низ градот, а еден од нив за да се спаси мораше да скокне во морето. Во нападот учествувале пет млади лица, а по двајца се уште се трага.

Поради нападот, Партизан, Црвена Звезда, Раднички, Војводина, Ниш, Ваљево и Шабац на состанок одлучија дека нема повеќе да играат во Сплит и бараат мечевите со истоимениот клуб да се играат во друг град.