Полуфинално „Ел Класико“ во Барселона: Србија и Хрватска во борба за европско финале

Вечерва со почеток од 20.30 часот, во Барселона силите ќе ги одмерат Србија и Хрватска, двете најдобри ватерполо репрезентации во светот.

Актуелниот светски првак ќе се соочи со актуелниот олимписки и европски шампион во борба за ново финале и можност за нов трофеј. Последниот дуел помеѓу двата гиганти заврши во полза на популарните „баракуди“, кои минатата година во полуфиналето на Светското првенство во Будимпешта се радуваа со 10-7.

Според обложувачниците, српските ватерполисти ќе ја имаат предноста во пресрет на вечерашниот судир и ќе бидат благи фаворити за место во финалето. Од друга страна, Хрватите со евентуална победа ќе имаат можност да се најдат во позиција од која ќе го бараат јубилејниот десетти медал во својата историја.

Во второто полуфинале се среќаваат Шпанија и Италија, во натпревар кој започнува во 22:00 часот.