Полуфиналето без балканска селекција, Црна Гора загуби од Франција во Светската лига

Црногорските ватерполисти неочекувано се елиминирани во четвртфиналната фаза од завршниот турнир во Светската лига, откако во Стразбур со 9-12 беа поразени од домашната селекција на Франција (1-3, 4-2, 1-4, 3-3).

Франција до полуфинале ја предводеа Уго Кросули, Александре Буе и Томас Верно со по три постигнати гола. За Црна Гора три гола постигна Марко Мршиќ, а по еден запишаа Канстанцин Аверка, Урош Чучковиќ, Владо Попадиќ, Стефан Видовиќ, Јован Вујовиќ и Душан Матковиќ.

Во полуфиналето Франција ќе игра против Соединетите Американски Држави, кои по голема борба со 12-11 славеа над Австралија. Во второто полуфинале ќе се судрат Шпанија со Италија.