Подиум за ВК Енерџи на WILD BEAR на Тара

Тимот на Велосипедскиот клуб Енерџи, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, го освоија третото место на Етапната трка во планински велосипедизам WILD BEAR, која од 8-10 септември се одржа на планината Тара во Србија. 

Во три последователни денови и три различни рути успешно совладаа 145 километри со 4.000 метри висинско искачување низ предели со сериозни технички предизвици, стрмни и долги искачувања и брзи спустови со вкупно време од 09:08.00 часа, со што го заслужија третото време во категоријата мешани парови. 

Пред нив на второто место се пласираа Кристина Лукачевиќ и Давор Ружиќ (Хрватска), а победници беа Маруша Наглиќ и Марко Чирјаковиќ (Словенија-Србија).