Почнува Мундијалот во ватерполо: Хрватска бранител на златото и прв фаворит

Светското првенство во пливање и пливачки спортови се наоѓа на самиот старт. Корејскиот град Гвангжу е подготвен за големиот собир, а ватерполо турнирот треба да биде шлаг на тортата. Златото во машка конкуренција го брани Хрватска, која пред две години во Будимпешта ја совлада Србија во полуфиналето, а потоа и Унгарија во финалето. 

Србија е без седум стандардни првотимци, откако селекторот Дејан Савиќ им даде слободно лето на Филиповиќ, Прлаиновиќ, Стефан Митровиќ, Алексиќ, Душко и Гојко Пјетловиќ и Бранислав Митровиќ.

Прв фаворит е Хрватска која доаѓа со сите свои сенатори, а Црна Гора со новиот селектор Владимир Гојковиќ ќе биде нагазна мина за секој ривал. Опасни ќе бидат и неевропските селекции, Австралија со Елвис Фатовиќ и САД со Дејан Удовичиќ како селектор. 

Победниците на групите ќе обезбедат четвртфинале, а второпласираните и третопласираните ќе разигруваат во осминафинални мечеви. Србија со 12 одличја како самостојна држава е водечка на вечната листа од Мундијалите, следат Унгарија со 11, па Италија, Хрватска и Шпанија со по пет медали.

Овој турнир е квалификационен и за Олимписките игри во Токио 2020 година. Домаќинот Јапонија и Србија како победник во Светската лига се два сигурни учесници на олимпискиот турнир, а уште две селекции ќе изборат пласман од ова Светско првенство.

  • Состав на групите на СП во ватерполо во Гвангжу: