Почина селекторот кој ја одведе Црна Гора до европско злато

Првиот селектор на црногорската ватерполо репрезентација, Петар Поробиќ, ненадејно почина во 67. година од животот, јавуваат регионалните медиуми. 

Славниот стручњак беше селектор на шампионската генерација, кога Црна Гора го освои Европското првенство во 2008 година, а освои и златен медал со селекцијата на Србија и Црна Гора во 2005 година. 

Беше предводник и женската репрезентација на Кина, со која учествуваше на Олимписките игри во Токио, а исто така беше дел и од репрезентацијата на Германија. Петар Поробиќ беше роден на 28 мај, 1957 година во Котор, тогашна СФРЈ.

Играчката кариера ја мина во екипата на Приморац, каде подоцна и ја започна својата тренерска кариера, а од 2015 година беше и претседател на Меѓународната асоцијација на ватерполо тренери.