• Зоран Мишевски
Македонската ватерполо сцена доби нов шампио, екипата на ВК Вардар. На летното државно првенство во ватерполо, што се одржа на 22 јуни на „Градскиот базен“ во Куманово, младите сили на ВК Вардар ја крунисаа својата работа со два подиуми во различни категории – злато во пионерска и сребро во кадетска конкуренција.
Во финалниот натпревар за пионери (играчи родени 2011 и помлади), Вардар се соочи со екипата на Локомотива во натпревар исполнет со темпо, резултатска неизвесност и голема тактичка дисциплина. Тимот на Вардар славеше со резултат 10-8 и на тој начин ја обезбеди титулата државен првак, оставајќи силен впечаток со зрелата и тимски ориентирана игра што ја прикажаа младите ватерполисти.
Со новата шампионска титула, Вардар не само што се позиционира како водечки младински ватерполо клуб во Македонија, туку и поставува високи стандарди за тоа како треба да изгледа еден современ спортски колектив.