• Зоран Мишевски

Еден од најдобрите светски ватерполисти, Хрватот Пауло Обрадовиќ во новата сезона ќе настапува за грчки Олимпијакос. Тој потпиша договор на една сезона со опција за уште една и ќе ја зголеми хрватската колонија во Пиреја, бидејќи за „црвено-белите“ веќе настапуваат Павиќ и Бушље.
Токму на инсистирање на Бушље, Обрадовиќ го напушти Југ од Дубровник и се пресели во Грција. Се шпекулира дека ќе биде најкапо платен ватерполист во Грција.
Обрадовиќ е дел од хрватската репрезентација која ќе настапи на Светското првенство во Будимпешта.