Откажано ЕП во ватерполо, ЛЕН нема да бара алтернативен домаќин

Воениот конфликт во Израел и Палестина помести уште еден спортски настан. Федерацијата на водени спортови (ЛЕН) по состанокот со ватерполо федерацијата на Израел објави дека Европското првенство кое требаше да се игра од 3 до 16 јануари 20424 година се откажува.

Турнирот на најдобрите европски селекции воопшто нема да се одржи и нема да се бара алтернативен термин или друг домаќин. Европската ветерполо федерација разгледува неколку опции за квалификации за пласман на Светското првенство во Катар и таа одлука наскоро би требало да биде донесена.

Последното Европско првенство во ватерполи се одржа во Сплит и титулата ја освои домашната хрватска репрезентација.