• Зоран Мишевски

Ватерполистите на Олимпијакос се нови европски прваци и по вторпат во историјата ја освоија Лигата на шампионите во овој спорт. Во финалето на Ф8 во Џенова, грчкиот првак беше подобар од италијанскиот Про Реко со 9-7. По 16 години клубот од Пиреја и екипа од Грција пак се искаќи на врвот на континентот.
Јоанис Фунтулис со четири гола беше најдобар поединец на финалето, а кај поразениот тим од Италија се истакна Франческо ди Фулвио со два гола.
Во мечот за третото место Барселона убедливо го победи хрватски Југ со 14-8. Петтото место му припадна на ланскиот победник Солнок, кој во унгарскиот дуел беше подобар од Егер со 10-6.
Седмиот на завршниот турнир беше екипата на Бреша, која во мечот за пласман го надигра Шпандау од Германија со 14-10.