Олимпијакос и Про Реко ќе играат во финалето од ЛШ

Олимпијакос ватерполо

Одличната завршница во полуфиналето против Барселонета на ватерполистите на Олимпијакос им донесе четврто финале во Лигата на шампионите (ЛШ).

Грчкиот претставник победи со 6-4 и закажа финале против Про Реко за втора титула во својата историја. Во натпревар со голема неизвесност, деталите го решаваа победникот, кои на крај беа на страна на грчките ватерполисти.

Во второто полуфинале, Про Реко минимално славеше над Југ (9-8) и утре ќе игра за деветтиот трофеј во најсилното натпреварување во Европа.

Финалето на завршниот турнир во Џенова се игра утре попладне, а сите билети се распродадени.