Ново реми за деветкратниот олимписки шампион: Грција застана на патот на првата победа на Унгарија

Репрезентацијата на Унгарија не успеа да победи и во третиот натпревар во рамките на ватерполо турнирот во Рио. Денес Унгарците го одиграа третото реми против репрезентацијата на Грција 8-8 (2-1, 1-1, 2-4, 2-3).

Унгарците одлично ја отворија првата четвртина и најавија дека се спремни за првата победа на ОИ. На полувреме заминаа со предност од 3-2, меѓутоа грчките ватерполисти се погрижија за неизвесност по одличната трета четвртина, која ја добија со 4-2 и поведоа со 6-5. Сепак, деветкратниот олимписки шампион се созеде и со пеколна последна четвртина направи пресврт и поведе со 8-7. Меѓутоа со гол во последните секунди, Влачополус им донесе реми на Грците.

Балаш Хараи беше најефикасен за Унгарците со три постигнати гола. Кај грчката репрезентација се истакнаа Гоунас и Генидунас со по два постигнати гола и Влачополус кој постигна три гола, меѓу кои и изедначувачкиот во последните пет секунди од натпреварот.