Нови Београд не успеа дома, Про Реко по петерци стана европски првак

Ватерполистите на Нови Београд загубија од Про Реко во финалето на Лигата на шампионите по изведување на удари од пет метри до 4-3. Регуларниот дел од натпреварот беше целосно изедначен и понуди многу голови, па се заврши со нерешени 13-13. 

Финалето кое се одигра во базенот „11 април“ во Белград можеше да понуди огромна радост за домашните фанови, меѓутоа српскиот тим загуби по пенал рулетот. Нови Београд повеќе пати водеше, а италијанскиот гостин во неколку наврати се враќаше од негатива. 

Про Реко вторпат стана европски првак во ватерполо откако подобро шутираше од пет метри. 

Најдобар стрелец на натпреварот беше Никола Јакшиќ со шест, а од Нови Београд му помогнаа Рашовиќ со три, додека по еднаш погодија Пијетловиќ, Влахопулос и Драшовиќ. Во победничкиот табор со пет се истакна Џорџо Заланки, четири даде Јангер, Канела постигна два, а по еден дадоа Ивовиќ и Халок.