• Иван Димовски
Ватерполистите на Про Реко ја освоија својата трета титула во Лигата на шампионите во низа. Во финалето кое се играше во рамките на завршниот турнир во Белград, Италијанците го совладаа домаќинот Нови Београд со 14-11 (4-1, 5-4, 4-4, 1-2).
Сонот за најголемата клупска ватерполо титула останува да гори, бидеќи Србите не го искористија ниту домашниот терен против гигантот. Про Реко стана вториот тим кој успеал три години во низа да го крева трофејот, 52 години откако тоа последен го направи Младост Загреб.
Околу финалето во Белград, одлучувачка веројатно беше првата четвртина. Про Реко направи предност со 4-1, потоа до полувремето зголеми за уште еден гол со 5-4. Нови Београд играше егал во продолжението, третиот период беше 4-4, додека српскиот тим го доби завршниот со 1-2.
Најефикасен ватерполист на мечот беше Алваро Гранадос од Нови Београд со пет гола, додека во победничкиот табор се истакнаа Ди Фулвио и Заланки со по четири.
Претходно третото место го освои Барселонета, со победата над Вуљагмени од 14-13 по изведување на петерци.