Нова сензација на „кенгурите“: Велесилата Унгарија падна пред Австралија!

Ватерполо светот беше во неверување кога австралиските ватерполисти ја совладаа српската селекција на Олимписките игри, но „кенгурите“ покажуваат дека се крајно сериозни во Париз.

По триумфот над домаќинот Франција во претходното коло, Австралија денес приреди нов огромен подвиг и ја совлада традиционалната велесила Унгарија со резултат 9-8 (2-2, 2-3, 2-2, 3-1) во четврто коло од групата Б.

„Кенгурите“ со овој триумф обезбедија пласман во четвртфиналето, а моментално се втори во групата, веднаш зад неприкосновената Шпанија. Од друга страна, Унгарците сега се во проблем, бидејќи се на половина пат со две победи и пораз, а во последното коло ги очекува „класика“ против Србија.

Милош Максимовиќ, Нејтан Паувер и Едвардс Блејк постигнаа по два гола за Австралија, додека Кристијан Манхерц погоди четири пати за Унгарците.