• Саше Љолес
Ватерполо репрезентацијата на Србија загуби во осминафиналето од квалификациите за Светскиот Куп, откако беше поразена од Шпанија со конечни 9-14 (2-3, 1-3, 2-5, 4-3).
„Фуријата“ немаше проблеми и заслужено се најде меѓу осумте најдобри, додека Србија ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место против поразениот од дуелот меѓу Франција и Црна Гора.
Најефикасен во победничкиот состав беше Бернат Санужа со пет голови, а на спротивната страна ист учинок имаше Никола Лукиќ.
Шпанците во четвртфиналето ќе се соочат со Хрватска. Завршниот турнир во Светскиот Куп ќе се игра во април во Црна Гора.