ВИДЕО: Ниту два голмани не можеа да му одбранат петерец на „бомбардерот“ Александар Шапиќ

Александар Шапиќ

Поранешниот ватерполист на Србија, Александар Шапиќ моментално ужива во својата пензија и ја извршува функцијата претседател на општината Нов Белград.

Во текот на својата кариера Србинот беше познат по својот силен удар, а беше прогласен за најдобар ватерполист и напаѓач на сите времиња.

Овој викенд, Шапиќ се врати од пензија и заигра на еден ревијален меч во Италија. На истиот, во еден момент српскиот ватерполист застана да изведува петерец, а на голот застанаа два голмани.

Но, ниту тоа не го спречи српскиот „бомбардер“ да ја затресе мрежата.