• Зоран Мишевски

Ватерполо преодниот рок е неочекувано активен по завршувањето на клупската сезона. Најтрофејниот српски ватерполист, 37-годишниот Слободан Никиќ ја заврши кариерата по истекот на договорот со Вашаш.
Никиќ во кариерата освои 29 медали со своите клубови и со селекцијата на Србија. Трипати бил светски првак, петпати европски шампион, во Рио де Женеиро стана олимписки шампион, а има и девет златни медали од Светската лига.
Кариерата ја почна во Партизан, а настапуваше за Ниш, Јадран од Херцег Нови, Олимпијакос, Про Реко, Камолји, Галатасарај, Ференцварош и Вашаш.
Никиќ во иднина ќе работи со младинскиот тим на Ференцварош.