• Зоран Мишевски
Ако беа критикувани по поразор од Соединетите Американски Држави во последниот натпревар од групната фаза, хрватските ватерполисти одговорија со карактер и перфектна партија. Во реприза од финалето во Токио пред три години, Хрватска на селекторот Туцак ја совлада Шпанија со 10-8 (2-0. 4-3, 2-2, 2-3).
Феноменалната одрбана на „баракудите“ ги лимитира Шпанците на мал број на голови. Првиот погодок „фуријата“ го постигна дури во деветтата минута, а дотогаш Хрватска поведе со 3-0. Марко Бијач на голот блескаше, а Маро Јоковиќ ги постигна клучните голови.
Шпанците се вратија со одлична трета четвртина и со -1 влегоа во последниот квартал. Сепак, Харков го постигна клучниот гол на 9-8, а по тајм-аутот на селекторот на Шпанија, Мартин, Хрватите се одбранија и стигнаа до уште едно олимписко полуфинале.
Бијач со осум одбрани беше играч на натпреварот, а најефикасни во хрватскиот тим беа Фатовиќ, Јоковиќ и Харков со по два погодоци. Противник на „баракудите“ во полуфиналето ќе им биде поуспешниот од натпреварот Италија - Унгарија.