• Зоран Мишевски
Една голема спортска кариера доаѓа на самиот ктај. Легендарниот ватерполо тренер Ратко Рудиќ официјално се прости од овој спорт со егзибициски натпревар на Корчула.
Хрватот во кариерата освои четири златни олимписки медали со три различни репрезентации, на последниот натпревар што го водеше како тренер, златната хрватска олимписка генерација од Лондон 2012 се соочи со светската селекција во натпревар кој заврши нерешено, 13:13.
Овој наптревар беше и проштален за играчите кои со Рудиќ го освоија олимпиското злато во 2012 година и ја завршија својата играчка кариера. Во егзибициониот меч за светската репрезентација настапија најдобрите ватерполисти од таа генерација од Србија, Црна Гора, Италија, Шпанија, Унгарија и Грција, а од клупата ги предводеше уште еден член на „Куќата на славните“, Игор Милановиќ.