Најдобриот хрватски ватерполист поради срцеви проблеми ја заврши кариерата

Славниот хрватски ватерполист кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот во земјата, Сандро Сукно, ја заврши играчката кариера на 28 години поради проблеми со срцето.

Сукно, кој е роден во Дубровник и е син на Горан Сукно, членот на златната генерација на Југославија на Олимписките игри во 1984 година, имаше операција на срцето во САД минатата година. Истата беше успешна и му ги скротила сите проблеми, но по консултација со лекарите, одлучено е дека тој мора да оди во пензија.

„По консултација со најеминентните експерти од Хрватска и странство и по темелните прегледи, се покажа дека мојата здравствена состојба не може повеќе да трпи професионално бавење со спорт. Никој не може да гарантира дека мојата здравствена состојба е безбедна ако продолжам да се бавам со ватерполото, па затоа ставам крај на кариерата“, соопшти Сукно.

Одличниот ватерполист со Хрватска има освоено буквално се - Олимписки игри, Светско и Европско првенство, а во сезоната 2016/17, тој беше прогласен за најдобар ватерполист во светот.

Во пензија Сандро Сукно заминува како член на Југ, а во кариерата тој играше уште и за Приморје, Про Реко и Дубровник.