• Мартин Танасковски
Грција беше апсолутен фаворит и малкумина им даваа големи шанси на Србите, но актуелниот олимписки шампион покажа дека се уште е ватерполо сила и со голот на Јакшиќ во последна секунда славеа во репризата на ланското финале (12-11). Интересен коментар по мечот даде еден од српските репрезентативци Сава Ранѓеловиќ.
„Се собравме и се боревме од првиот до последниот момент. Колку и да имаше среќа последниот гол, го заслуживме. Им честитам на момците за големата борба. Имаме ден да се подготвиме за полуфиналето. Тежок натпревар, за ова се подготвувавме цел живот и бевме цело лето заедно два и пол месеци, кој и да дојде против нас, ќе дадеме 200 проценти од себе. Кој и да дојде, ќе одиме со сите сили. Ова беше реприза на финалето на минатите ЛОИ и мислам дека сите не отпишаа и не потценија. Се надевам дека сите паднаа во обложувалница затоа што играа против нас“, изјави Сава Ранѓеловиќ.
Србите и за место во финалето ќе играат против подобриот од САД и Австралија