• Саше Љолес
Репрезентацијата на Унгарија е прв финалист на Европското првенство во ватерполо, откако во полуфиналниот натпревар ја совлада селекцијата на Грција со конечен резултат 15-12.
Грците добро го отворија мечот и ја добија првата четвртина со 5-4, но потоа сите останати делници им припаднаа на Унгарците, кои на крајот сосема заслужено се радуваа на триумфот.
Иако бевме сведоци на тврда и неизвесна игра на двете страни, Унгарија успеа да биде поумешна во клучните моменти. Селекцијата на селекторот Жолт Варга во финалето ќе игра против подобрата репрезентација од дуелот помеѓу домаќинот Србија и незгодната Италија.
Најдобар поединец на мечот беше капитенот на Унгарија, Кристијан Манхерц, кој постигна четири голови од исто толку обиди. За Унгарија ова беше дури триесетто полуфинале на Европските првенства.