ВИДЕО: Луд навивач го фрли судијата в базен и прекина ватерполо меч

На ватерполо-натпреварот меѓу Војводина и Црвена Звезда во Србија забележан е инцидент, откако неодговрен навивач го фрли судијата в базен и направи прекин на средбата.

Црвена Звезда беше пред прв пораз сезонава во првенството на 12 секунди пред крајот на мечот, но успеа да изедначи (7-7), по што навивач на две секунди пред крајот ја скокна и онака ниската заштитна ограда, а потоа го турна судијата Марко Матијевиќ во базенот.

Натпреварот поради инцидентот не го доживеа својот крај, а останува под знак прашалник како истиот ќе биде регистриран. Војводина како домаќин сигурно ќе добие казна, а една од опциите е Црвена Звезда да го добие мечот со службени 5-0.