ЛШ во ватерполо ги има сите учесници, ќе се игра во нов формат

Машката Лига на шампионите во ватерполо ги доби учесниците за сезоната 2020/21, каде се најавени одредени промени во форматот. 

Наместо 16 клубови, како во претходните сезони, во новата ќе учествуваат само 12. Меѓу нив место има за бранителот на титулата Ференцварош, Барселонета, Динамо Тбилиси, Јадран Херцег Нови, Југ Дубровник, Марсеј, Олимпијакос, Про Реко, Васпо Хановер и Шпандау 04 Берлин. 

Екипите ќе бидат поделени во две групи по шест екипи, а групната фаза ќе започне на 11 или 12 ноември. Најдобропласираните четири тима ќе се пласираат меѓу осумте најдобри и ќе играат во Хановер од четврти до шести јуни во разигрување за титулата. 

Оваа сезона, Лигата на шампионите не го дочека својот крај и беше прекината поради светската здравствена криза, па бранител на титулата остана Ференцварош од минатата година.