ЛШ и Еврокупот во ватерполо откажани во целост, се чека одлука за ЛОИ

Европската пливачка и ватерполо федерација (ЛЕН) пресече и донесе одлука да не продолжи Лигата на шампионите во ватерполо.

Финалниот турнир требаше да се игра во Џенова, а Италија е една од најпогодените земји во светот поради коронавирусот. Лигашкиот дел од Лигата на ампионите се уште не е завршен во целост, па затоа следи прекин.

Оваа сезона во Лигата на шампионите и во Еврокупот нема да има шампиони. На хартија остануваат ланските прваци, а тоа се Ференцварош во Лигата на шампионите, а Марсеј во Еврокупот. 

Европското првенство (ЕП) во пливање, пак, кое требаше да се одржи во Будимпешта оваа година е поместено за 2021 година. Сега се чека да се одреди датум за квалификациите за Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои исто така се поместени за една година.

Турнирот беше закажан во месец март во Ротердам, а за „виза“ за Токио ќе се борат 12 селекции.