• Зоран Мишевски
Поранешните светски прваци Шпанија, Унгарија и Италија со победи стартуваа на Светското првенство во ватерполо во машка конкуренција во Гвангжу (Кореја). Со далеку поинфериорни ривали, фаворитите не дозволија губење на бодови, бидејќи само победниците во групата ќе играат четвртфинале, а другите ќе разигруваат.
Резултати (прво коло):
Jужна Африка – Шпанија 3-23 (1-6, 1-5, 1-4, 0-8)
Нов Зеланд – Унгарија 4-24 (0-4, 1-7, 2-6, 1-7)
Бразил – Италија 5-14 (3-5, 1-2, 0-5, 1-2)
Германија – Јапонија 9-9 (3-2, 4-3, 1-3, 1-1)
Ноќва и утре изутрина на програмата се натпреварите од второто коло на женскиот турнир.