Лекција од Хрватска за Словенија, убедлива победа и за Италија на Европското првенство

Репрезентацијата на Хрватска извојува убедлива победа над Словенија во првиот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Белград, славејќи со огромни 4-20. 

„Коцкестите“ беа особено доминантни во третата четвртина, која ја добија со огромни 7-1, не оставајќи никаков простор за евентуално изненадување. За тоа колку беа доминантни, доволно говори фактот што противникот постигна само четири гола во текот на целиот натпревар. 

Сигурна победа оствари и селекцијата на Италија, којасо 18-9 беше подобра од Турција, додека Романија беше подобра од Словачка и победи со конечен резултат 16-8.