Легендарниот ватерполист Бошковиќ стана професор по музичко

Легендарниот хрватски ватерполист Михо Бошковиќ на крајот на минатата сезона ги напушти редовите на Приморје и се врати во Дубровник. Иако се очекуваше дека 33-годишниот Бошковиќ ќе пронајде друг клуб, тој се одлучи да стави крај на својата богата кариера.

По заминуњето во пензија, ватерполистот ќе се обиде со свој нов ангажман. Бошковиќ, кој два пати беше прогласуван за најдобар играч во Европа, ќе биде професор по музичко во гимназијата во Дубровник.

Со репрезентацијата на Хрватска има освоено десет медали, од кои четири златни: СП во Мелбурн 2007 година, ЕП во Загреб 2010 година, олимписко злато од Лондон и победник на Светската лига во 2012 година.