Легендарниот Дејан Савиќ до 2020 година на чело на ватерполо селекцијата на Србија

Дејан Савиќ, го продолжи договорот со српската ватерполо федерација до 2020 година, што значи тој ќе биде предводник на „делфините“ на Летните Олимписки Игри во Токио.

Покрај Савиќ, за кого се смета дека е најдобриот ватерполо тренер на денешницата, во стручниот штаб ќе останат сите негови соработници. Легендарниот ватерполист селекторското место го зазеде во 2012 година, а под негово водство Србија освои сè што може да се освои. 

Имено, „делфините“ ќе ги бранат сите можни трофеи – злато од Европско и Светско првенство, Светска лига, како и од Олимписките Игри во Рио, достигнување кое досега на ниту еден друг селектор не му успеало.