Куп на Европа: Убедливи победи на Хрватска и Србија, Грција се избори за реми со Унгарија

Ватерполистите на Србија со убедлива победа ги започнаа настапите од овогодишното издание на Купот на Европа. Популарните „делфини“ во првото коло од групата А славеа висок триумф над големиот ривал Црна Гора (9-5) и уште од самиот старт се наметнаа како главни фаворити за првото место.

Во рамки од оваа група вчера се одигра и мечот меѓу Хрватска и Франција, на кој победа славеа „коцкестите“ (20-5), додека во групата Б, Шпанија ја совлада Италија (11-4), а Грција направи изненадување и одигра нерешено со фаворизираната Унгарија (9-9). 

Во второто коло од Купот на Европа ќе се сретнат Србија – Франција, Хрватска – Црна Гора, Унгарија – Италија и Шпанија – Грција.