Корона во канадската ватерполо репрезентација, Мундијалот остана без еден учесник

Ватерполо репрезентацијата на Канада се повлече од натпреварувањето на Светското првенство во Унгарија поради проблеми со коронавирусот. Канаѓаните имаат пет заразени играчи, а решија да се повлечат поради „здравјето и безбедноста на учесниците“.

„По внимателно разгледување, следење на советите на лекарите и разговор со играчите, донесовме тешка одлука да се повлечеме од Светското првенство во Будимпешта. Донесовме одлука да го заштитиме здравјето и безбедноста на сите учесници, што отсекогаш било приоритет. 

Сега ќе се фокусираме на закрепнувањето и на подготовките за претстојните турнири“, се вели во соопштението на ватерполо асоцијацијата на Канада.

Канаѓаните се натпреваруваа во групата Ц во Сопрон, а одиграа само еден натпревар, во кој беа убедливо поразени од Шпанија со 19-2.

Преостанатите два дуели против Италија и Јужна Африка ќе бидат регистрирани со службен официјалниот резултат.