„Коцкестите“ ќе го бранат златото од Лондон: Хрватска преку Црна Гора до ново финале на ОИ

Хрватска ватерполо полуфинале

Хрватска е првиот финалист на ватерполо турнирот на Олимписки игри во Рио. Хрватските репрезентативци ја совладаа Црна Гора со 12-8 (4-3, 3-2, 1-1, 4-2) и обезбедија место во големото финале, каде ќе имаат можност да го одбранат златото од пред четири години во Лондон.

„Коцкестите“ започнаа силно и го презедоа водството од самиот старт, поведувајќи со 3-0. На тоа следуваше одговор на Црногорците од три гола, па натпреварот одново доби доза на неизвесност. На полувреме Хрватска замина со предност од два гола, предност која ја одржуваше до самиот крај. Александар Ивовиќ и Дарко Бргуљан единствено возвраќаа, но Бушље и Шефка ја презедоа играта во свои раце во последниот дел и ја однесоа Хрватска во финалето со резултат од 12-8.

Во второто полуфинале вечерва играат репрезентациите на Србија и Италија.