Клубовите не се договорија, регионалната ватерполо лига оди на „пауза“

Регионалната ватерполо лига, која со години ги претставуваше надобрите клубови на поранешните југословенски простори, официјално нема да се одржи во сезоната 2025/26. 

Одлуката за едногодишна пауза беше донесена поради неможноста да се изнајде договор за одржлив модел на натпреварувањето. Иницијативата за оваа „пауза“ ја покрена славниот хрватски ватерполист, Перица Букиќ, а неговата идеја доби согласност од скоро сите останати клубови-членови на лигата. 

Српските тимови имаа предлог да се внесе поголема возбуда со воведувањето на завршен „фајнал-фор“ турнир, но истиот беше одбиен со договор дека наскоро ќе се одржат нови состаноци за реактивирање на лигата од следната сезона. 

Се споменува опција на формирање посебна лига составена само од српски и црногорски клубови, но засега нема ништо конкретно околу оваа идеја. 

ФОТО/PHOTO: Vuk Ilic/Jadran HN