Ќе гледаме епско финале во Рио: Србија преку Италија обезбеди ватерполо шлагер со Хрватска

Рио ќе биде домаќин на епско финале меѓу ватерполо селекциите на Србија и Хрватска, откако вечерва победа од 10-8 славеше нашиот северен сосед над репрезентацијата на Италија. 

Пред неполн месец Италија во пријателски натпревар беше поуспешна од Србија, победувајќи со 10-9, па вечерва се очекуваше доста неизвесен натпревар. Но тоа не беше така, бидејќи селекцијата на Србија доминираше во текот на целиот натпревар и ја потврди фаворитската улога. Уште во првата четвртина српските ватерполисти направија предност од три гола (3-0), а на полувреме се замина со резултат од 6-2 за Србија. Третата четвртина ни донесе само еден гол и тоа во мрежата на Италија, а во последната четвртина гледавме вистинска голеада во која поуспешна беше Италија (6-3), но недоволно за нова победа. 

Кај Србија најрасположени беа Филип Филиповиќ, Андреј Прлаиновиќ и Слободан Ниќиќ со по два гола, додека кај Италија по два гола постигнаа Александар Велото и Валентино Гало. Претходно во првиот полуфинален натпревар, селекцијата на Хрватска беше поуспешна од Црна Гора со 12-8.