Југ нов владeтел на регионалната ватерполо лига

Ватерполистите на Југ од Дубровник по вторпат ја освоија титулата во регионалната ватерполо лига. На Ф4 завршницата, Југ конечно го совлада владетелот од изминатите три години Приморје од Риека, од кој губеше во изминатите три финалиња со 9-5 (2-2, 2-2, 3-0, 2-1).

Домаќините титулата ја освоија по извонредниот трет период. Најзаслужен за освојувањето на трофејот беше Врлиќ со три гола, а по два постигнаа Гарсија и Обрадовиќ. Во редовите на Приморје пет ватерполисти постигнаа по еден погодок.

Во полуфиналето Југ беше подобар од Младост со 13-7, а Приморје го совлада Јадран со 10-8.