Извлечени групите за Европа Купот, Србија налета на Хрватска

Србија Хрватска Ватерполо

Светската пливачка федерација (ФИНА) денес одржа ждрепка за претстојниот Европа Куп во ватерполо и ги одреди четирите групи.

Во првите две има четири репрезентации, а во останатите две по три. Завршниот турнир ќе се одржи од 5 до 7 април наредната година.

  • ГРУПА А: Русија, Малта, Германија, Унгарија
  • ГРУПА Б: Грција, Холандија, Шпанија, Украина
  • ГРУПА Ц: Србија, Романија, Хрватска
  • ГРУПА Д: Италија, Франција, Црна Гора

Од оваа сезона, четирите најдобри селекции од ова натпреварување ќе се пласираат меѓу најдобрите осум во Светската лига.

Победникот на Светската лига ќе обезбеди место на Олимписките игри во Токио 2020 година.