Италијанецот Ди Фулвио е МВП на СП во ватерполо

Италијанскиот ватерполист Франческо Ди Фулвио е најкорисен ватерполист на Светското првенство во Гвангжу. „Азурите“ станаа светски прваци со величенствени изданија во полуфиналето и финалето, каде ги совладаа Унгарија и Шпанија.

25-годишниот Ди Фулвио претпладнево блескаше во финалето со „црвената фурија“, а неговата селекција го одигра најдобриот натпревар на турнирот. Ватерполистот на Про Реко првпат е носител на злато на една голема приредба, откако претходно освои бронзен медал на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро и на Европското првенство во Будимпешта во 2014 година.

Стефано Луонго од Италија е прогласен за најдобар голман на турнирот. 

Следниот Мундијал ќе се одржи во Фукуока, а веќе во септември следуваат Олимписките квалификации за место во Токио следното лето.