• Сашо Поповски

Ватерполистите на Италија одиграа херојски во полуфиналето против Унгарија, славеа со 12-10 (2-4, 5-1, 2-2, 3-3) и се изборија за финален меч на Светското првенство во Гвангжу.
Пресуден период за конечниот резултат беше вториот во кој Италијанците направија серија од 5-1. Со истата ја анвулираа стекнатата предност на противникот по првата четвртина и заминаа на пауза со два гола позитива.
Второто полувреме донесе изедначена игра, што го покажува и самиот резултат. Унгарските репрезентативци не направија доволно за да се изборат за ново финале, па мораа да го признаат поразот. Најзаслужни за победата на „аѕурите“ беа Аикарди и Ди Фулвио.
Во мечот за златен медал, италијанската селекција на Сандро Кампања ќе ја предизвика Шпанија, која претходно го елиминира бранителот на светскиот трон, Хрватска.