Италија по пенали ја совлада Србија на ватерполо Мундијалот

Ватерполистите на Србија по изведувањето на пенали го претрпеа првиот пораз на Светското првенство во Сингапур, откако загубија од италијанската репрезентација во еден од највозбудливите натпревари на денот - 16-17 (13-13 – 2-3, 3-3, 4-4, 3-4).

Тоа значи дека по две кола од групата А, „аѕурите“ речиси сигурно се пласираа директно во четвртфиналето, бидејќи е тешко дури и да се замисли сензација на Република Јужна Африка против нив, додека Србија ќе патува во разигрувањето за четвртфинале.

Претходно утрово селекцијата на Романија славеше убедлива победа над Јужна Африка со 24-5. Во последното коло Србија ќе се судри со Романија. 

ФОТО/PHOTO: Waterpolo Serbia