Италија надиграна, Србија по осум години одново ќе се бори за европско злато

Ватерполо селекцијата на Србија извојува убедлив триумф над Италија со 17-13 и се пласира во финалето на Европското првенство во Белград. Србите ќе играат против Унгарија во мечот за златото во недела во 20:30 часот, додека Италија и Грција, ќе се судрат за бронзата во 17:00 часот истиот ден.

Србија до триумфот ја предводеа Душан Мандиќ и Страхиња Рашовиќ со по четири гола, додека голманот Милан Глушац повторно се истакна со 14 одбрани. За Италија, Франческо Кондеми, Филипо Фереро и Матео Јоки Грата постигнаа по три гола.

Србија вечерва стигна до своето седмо финале на Европско првенство, а досега има пет победи и еден пораз. Единствениот финален пораз ѝ го нанесе Црна Гора во 2008 година. Српските ватерполисти станаа европски шампиони четири пати по ред од 2012 до 2018 година, а ова е нивно прво финале откако таа серија беше прекината.

Во финалето ќе играат против Унгарија, која ја победија со 15-14 во втората фаза од турнирот. Во финалето, Унгарците ја бркаат својата 14. титула европски шампиони во нивниот 21 настап во натпреварот за златен медал.